08/06/2025

Три нуркачки тимови трагаат по исчезнатиот маж (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Курир

Три нуркачки тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од утринава продолжуваат со потрагата по исчезнатиот маж во езерото Глажња, пренесува Курир.

Фото: Курир

Потрагата била прекината ноќеска, а започнала вчера во попладневните часови.

Фото: Курир

Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри.

Преку СВР Куманово е повикана нуркачка екипа на МВР со цел да се пронајде исчезнатиот.

Споделете