„Вашингтон пост“: Трамп во 2023 година потрошил 40 милиони долари на судења

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека се очекува поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес да го извести својот комитет за политичка акција (РАС) дека во првата половина од годината потрошил околу 40 милиони долари за трошоците за правните постапки против него и неговите советници.
Весникот „Њујорк тајмс“ во друга објава, објави дека РАС бара поврат на 60 милиони долари што и ги позајмил на друга организација што ја поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесуваат медиумите.
Цитирајќи инсајдери „Вашингтон пост“ објави дека издатоците на РАС за правните трошоци ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него.
Се очекува дека оваа организација на Трамп во денешниот поднесок да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни трошоци, јави „Вашингтон пост“, цитирајќи анонимни извори.
Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување на доверливи владини документи во неговиот дом, но и со обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајни плаќања и поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс.