09/06/2025

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ треба да даде одговори околу концесиите за рудникот Иловица

Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.

Одговорите околу концесиите за рудникот Иловица треба да ги даде BMPO ДПМНЕ.

Никола Груевски, Зоран Ставревски, Миле Јанакиески, Паско Кузман се само дел од функциониерите на BMPO ДПМНЕ кои учествуваат во процесот на давање концесии за рудникот во Иловица, од кои втората целосно за заобиколува првата концесија.

Тие немале никаква забелешка на доделување и на првата и на втората концесија и од аспект на транспорт и врски и од аспект на животна средина и од аспект на земјоделие и од аспект на води.

BMPO ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност, ја втурна државата во судски лавиринти во кои се уште е заглавена.

Затоа BMPO ДПМНЕ и Мицкоски денес се последните што имаат право да зборуваат за отворање рудници.

СДСМ како одговорна партија останува на страната на граѓаните и нивните интереси, велат од партијата.

Споделете