09/06/2025

Почина Шинејд О`Конор

Шинејд О’Конор почина вчера на 56-годишна возраст, објавија странските медиуми.

Ирската музичка легенда почина на 56-годишна возраст по долгогодишна борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Пејачката постигна светска слава во 1990 година со „Nothing Compares 2 U“.

О’Конор е родена во проблематично семејство во Даблин на 8 декември 1966 година.

Подоцна во нејзиниот живот, таа тврдела дека нејзините проблеми со менталното здравје започнале затоа што нејзината мајка физички и сексуално ја малтретирала како дете.

Да потсетиме, пред една година синот на познатата пејачка Шејн (17) се самоуби по бегството од болница, што целосно ја потишти.

Во својот последен твит О’Конор објави фотографија од нејзиниот син Шејн и напиша:

– Оттогаш живеам како полумртво суштество. Тој беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа.

Споделете