08/06/2025

Вака изгледа рекордната големина на град во Европа

Европската лабораторија за силни бури вчера соопшти дека во изминатите денови во Италија биле двапати регистрирани рекордни големини на град.

Во бурата која ја погоди Италија на 19-ти јули паѓал град со големина од 16 сантиметри, што било нов рекорд за Европа, а „ледени бомби“ со таа големина паѓале во Кармињано ди Брента.

Само 5 дена подоцна, џиновски град го погодил италијанскиот град Ацано Дечимо и тогаш експертите од Европската база на податоци за тешки временски услови констатирале дека градот бил со големина од 19 сантиметри.

Според податоците на Европската лабораторија за силни бури, во изминатите децении во северна Италија многу почесто паѓа крупен град отколку во другите европски региони.

Споделете