08/06/2025

Министерот Бектеши не ја одржа пред конференцијата најавена за рудникот Иловица

Министерот за економија Крешник Бектеши, не се појави на најавената прес-конференцијата на која требаше да зборува за неговиот извештај кој го презентираше пред Владата за концесиите на рудниците Иловица-Штука. Од владината служба ја одложија средбата со новинарите на неодредено.

Причините за одложувањето не се познати, а оттаму велат дека дополнително ќе известат кога ќе се обрати министерот Бектеши.

Точката за рудникот Иловица денеска е на дневен ред на владина седница. Министерот Бектеши треба да информира за сите правни постапки од 2012 година.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

Споделете