09/06/2025

Нови превентивни евакуации на Крф и Родос

Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови.

Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат во планинското село Вати во североисточниот дел на Родос.

Во однос на пожарот на Евија, засега, се чини дека е значително подобрена ситуацијата и нема дополнителни разгорувања на актуелните жаришта.

Споделете