08/06/2025

Малолетен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во тетовско

На 24.07.2023 во 18.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Камењане – с.Горно Седларце, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од С.А.(34) од с.Камењане и мотоцикл, управувано од малолетник од с.Камењане, двете со тетовски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Споделете