Aвтомобил се преврти на кров, куфери на сите страни низ автопатот

Возило се преврти на автопатот А1 на дваесетина километри пред граничниот премин „Богородица“.
Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а очекуваме детали од МВР.
Сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат. Екипа на Брза помош е на самото место на настанот.