09/06/2025

Трамп: Прием на Украина во НАТО е чиста лудост во овој момент

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, изјави дека е лудо дури и да се размислува за влез на Украина во НАТО.

– Информациите дека во овој момент размислуваме за прием на Украина во НАТО се чиста лудост, рече Трамп.

Според поранешниот американски претседател, сегашната администрација предводена од Џо Бајден ги вовлекува САД во Трета светска војна.

Како што рече поранешниот американски претседател, сегашната администрација не е компетентна и не треба да ризикува да започне војна со Русија или Кина.

Споделете