08/06/2025

Претседателот Пендаровски денеска во посета на Пустец и Подградец

Претседателот Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Подградец.

Пендаровски во Пустец ќе биде пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.

Предвидена е културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што претседателот ќе оствари средба со локалните власти и ќе ги посети црквата Св.„Архангел Михаил“ и училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Пендаровски ќе го посети и селото Голомбок каде ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Подградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.

Споделете