09/06/2025

Потврдена доживотната казна за Матео Месина Денаро, шефот на „Коза Ностра“

Жалбениот суд во Калтанисета, Сицилија, Италија, вчера ја потврди доживотната казна за веќе затворениот шеф на сицилијанската мафија „Коза Ностра“ – Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, бомбашки напади, смрт на 12-годишно момче и многу други случаи.

Тука спаѓаат главните случаи како бомбашките напади во 1992 година, кога загинаа судиите против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавен обвинител дента кога Италија ја одбележува 31-годишнината од бомбашкиот напад на Вија Д’Амелио во Палермо каде што загинаа Борселино и петмина негови обезбедувачи.

Шефот на Коза Ностра, кој 30 години беше во бегство, беше фатен во јануари во клиникатат за рак во Палермо. Тој сега се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Л’Аквила.

Денаро, кој е осуден и за убиството на Џузепе ди Матео кој во 1993 година имал само 12 години. Последниот „Кум“ на сицилијанската мафија го организирал киднапирањето на детето за да се принуди неговиот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од 2 години (800 дена), а потоа го задавил и го растворил телото во киселина.

Меѓу пресудите е и онаа за бомбашките напади на верски и уметнички знаменитости во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, кога загинаа 10 лица, а 40 беа повредени.

Споделете