09/06/2025

Бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД

Името на македонскиот бизнисмен Јордан „Орце“ Камчев се најде на листата на непожелни личности во САД.

Ова доаѓа по низата корупциски скандали каде бизнисменот беше централна фигура во многу судски рочишта на оваа и претходната централна власт.

„Денес одделот за финансии го дезигнираше бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев во светло на корупција, подмитување, перење пари, и други криминални прекршоци.
Овие санкции не го тангираат само господинот Камчев и неговите холдизи и бизниси, ами и оние кои со него водат бизниси. САД ќе продолжи да таргетира индивидуи кои го занемаруваат владеењето на правото и стабилноста на Македонија. Корупцијата носи последици,“ објави нејзината екселенција Ангела Агелер на својот твитер профил.

Споделете