14 пожарникари со 7 возила интервенирале во гаснењето на пожарот кај Аква-Паркот (ВИДЕО)

Пожарот во депонијата кај Аква-Паркот во Скопје го гаснеле 14 пожарникари со 7 противпожарни возила, пренесе Курир.
Командирот на скопската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски во изјава за Курир рече дека пожарот е под контрола и дека нема опасност за објектите во близина.
Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот.