Нов скандал на директор од Алијанса за Албанците: Си подарил комбе на џамија во Арачиново

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, кој доаѓа од Алијанса за Албанците, доделил комбе на џамија во Арачиново, трактор со приколка на Oпштината Арачиново, а најави дека донации со одобрение на Владата ќе добие и Бигорски манастир. Пофалбите за донациите ги сподели самиот директор на својот Фејсбук профил.
ФЕЈСБУК Дритон Небиу, дитектор на агенцијата за управување со одеземен имот
Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука.
По серијта негаттивни коментари на социјалните мрежи, тој преку соопштение информира дека агенцијата не направила никаков прекршок и работи во интерес на граѓанскио сектор.
Неговиот сопартиец Кренар Лога од Алијанса на Албанците исто така е познат по предизвикување на бура од реакции за предлози кои ја шокираат јавноста. Последно, тој им противречи на одлуката на Уставниот суд за графата за етничка припадност во изводите на матичните книги. Иако експертската јавност и уставните судии сметаат дека негоивот предлог е против уставен, тој е упорен и вели дека ќе донесе ново упатство со кое ќе ја негира одлуката на Уставен.
Ништо поразлично не е ниту со министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој го разреши директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, па откако јавноста реагираше му понуди советничко место во минситерството.
Министрите и директорите на Алијансата на Албанците не запираат да шокираат со изјавите и одлуките кои ги носат.