09/06/2025

СДСМ: Не само за Иловица, 86 концесии ВМРО-ДПМНЕ има потпишано за рудници

Во време на зенитот на режимот, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава. Одлуката пак за рудникот Иловица, беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година, велат од СДСМ.

Додаваат дека истата година, општините Општина Босилово и Општина Ново Село во тоа време раководени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник.

– Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година. Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски. Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие. Заради лошите и популистички одлуки на ВМРО-ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години. СДСМ од прв ден бил против тие рудници и кога ВМРО-ДПМНЕ и Груевски дадоа 86 концесии за рудници СДСМ беше силно против, стои во соопштението.

Споделете