Николоски дециден: ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е дециден дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Тој по донешната средба со министрите за Европа на Франција, Германија и Полска, објави дека ВМРО-ДПМНЕ е за членство на Македонија во Европската Унија, но не и за уставни измени под бугарски диктат.
Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска.
Го споделија нивното гледиште.
Им се заблагодаривме и им кажавме – ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат.
Јасно, директно и достоинствено!, напиша Николоски.