Листа на сообраќајни прекршоци кои може да ве чинат скапо во соседна Грција

Казните за сообраќајните прекршоци кај нашиот јужен сосед се огромни. Оние кои се веќе таму или планираат да заминат со сопствено возило, се „на штрек“ со оглед дека освен со високите парични казни, може да останат и без својот автомобил и/или возачка дозвола!
Кои се новите казнени прописи за сообраќајни прекршоци во Грција?
Поминување на знак стоп без запирање – 700 евра
Поминување на црвено светло – 700 евра
Бесно возење – 700 евра
Недозволено претекнување – 80 евра
Прекорачување на брзината до 20 km/h – 20 евра
За поминување на црвено светло, се плаќа казна од 700 евра, но 20 дена ќе останете без дозвола за возење и регистарска табличка.
Отстранување на регистарски таблички и одземање на дозволи за возење за 60 дена се добива за следните прекршоци:
Користење на мобилен телефон додека возите; Неносење појас; Ако немате кацига додека возите мотор; Превоз на дете во автомобил без детско седиште.