09/06/2025

Милошоски: Колку владини одлуки се досега донесени од министри кои биле доведени во заблуда?

Случајот со министерот Бектеши, дека ги довел во заблуда членовите на влада Спасовски, Шукова и Петровска да гласаат ЗА струмичките рудници, отвара сериозна тема за многу владини решенија, смета пратеникот на БМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски упатува серија на прашања за одлуки кои ги донела Владата на Македонија, а посоти можност за истите да гласале министри кои биле доведени во заблуда.

-Колку владини одлуки се досега донесени од министри кои биле доведени во заблуда, а врз основа на неточни податоци (Бехтел& Енка, прекинување на градбата на клиничкиот во Штип, солидарниот данок, асфалтни бази, концесии за мермер итн.)?

– Дали во владата не функционираат комисиите и генералниот секретаријат кои ги проверуваат материјалите и ги подготвуваат одлуките пред седница?

– Дали министрите кои изјавија дека измамени гласале за одлука , или Јавниот обвинител по службена должност, ќе побараат кривична одговорност за министерот Бектеши , согласно член 247 од КЗ?

– Дали премиерот Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова?, прашува Милошоски.

Споделете