08/06/2025

Почина родилката која пред 12 дена скокна од зградата на ГАК

39 годишната родилка им подлегнала на повредите стекнати при скокањето од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Веста за телевизија Канал 5 ја потврдија членови на нејзиното семејство.

Фаталниот настан се случи на 2 јули околу 21:30 часот а 12 дена подоцна родилката почина.

Веднаш по настанот Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Споделете