09/06/2025

СДСМ: Хаосот во Скопје е потврда, глас за ВМРО ДПМНЕ е глас за враќање назад

Според СДСМ, наместо модерно Скопје како што ветуваа за време на изборната кампања, кога ја бараа довербата од граѓаните, Xpистијан Мицкоски и BMPO ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија.

„Наместо град којшто се развива Скопје уназадува. BMPO ДПМНЕ Скопје го врати 60 години назад. Неспособните градоначалници на BMPO ДПМНЕ од Скопје направија загаден, нечист, нефункционален град.
Сметот и нечистотијата се само дел од проблемите. Јавниот превоз во Скопје не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен јавен превоз, за модерен транспорт, за фабрика за автобуси не се остварија“, се истакнува во нивното соопштение.

Оценуваат дека не се реализираше ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

„Хаосот што се случува во Скопје е уште една потврда: гласот даден за BMPO ДПМНЕ е глас за уназадување и враќање назад“, подвлекуваат од СДСМ.

Споделете