Бујар Османи смета дека внесувањето на бугарите во уставот е наш интерес

Ако оставиме празнини, некој друг ќе ни ја киднапира агендата, а очигледно има од двете општества и држави има такви кои што упорно се обидуваат да не измесат од подобрување на односите. Па и ова непотребно инсистирање од Република Бугарија дека ние треба да ги завршиме уставните измени, кога ние повеќе зборуваме за нив, не мислам дека ни помага. Целта е да не изместат од фокусот, смета шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, одговарајќи на денешната прес-конференција заедно со тројцата министри за надворешни работи на Австрија, Словачка и Чешка
Османи е убеден дека уставните измени се во наш интерес и е убеден дека не се сите во Бугарија среќни за нивно завршување.
-Како прво, им ги земаме сите аргументи дека државата има дискриминаторски однос кон било која заедница и второ е најдобрата формална манифестација на нашиот наратив по однос на бугарскиот народ и држава, истакна министерот за надворешни работи.
Османи истакна и дека се соочуваме со отпор наметнат од претставници на опозицијата, кој во суштина е ирационален, со оглед дека ни најмалку не ја менува суштината на нашето уставно уредување, туку само се допрецизира и онака мултиетничката структура на нашата држава – нешто што цело време го истакнуваме како наша предност или наш успех.