09/06/2025

Повеќе од 1.550 деца се жртви на војната во Украина

Од почетокот на војната во Украина до денесповеќе од 1.552 украински деца се жртви на агресијата односно 494 деца се убиени, а над 1.058 се повредени, соопшти украинското Јавно обвинителство.

Најмногу деца загинале или се повредени во Доњецк – 472, во Харков – 297, во Киев – 129, во Керсон – 116, во Запорожје – 97, во Николаев – 89, во Дњепропетровск – 83, во Чернихив – 71 и во Луганск – 67.

При вчерашното гранатирање на Запорожје повредени се шест деца на возраст од три до 18 години.

Споделете