УШТЕ ЕДНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ ДЕНЕС: Од вчера се губи трагата на 15-годишно момче од Чаир, нешто сомнително се случило и со неговиот телефон!

Петнаесетгодишниот Фазли Фатлиу исчезнал вчера во скопската населба, Чаир.
Момчето последен пат било видено од семејството околу 16 часот вчера напладне, а во моментот на исчезнувањето носело црни фармерки и портокалова маица.
Роднините на Фазли за „Макфакс“ велат дека вчера му бил исклучен телефонот, а утрово околу 9 часот повторно му бил вклучен, но не успеале да остварат контакт со него.
Еден час подоцна, односно околу 10 часот утрово, велат роднините, добиле дојава дека Фазли бил виден во џамија во Долно Коњаре, но уште не успеале да го пронајдат.