08/06/2025

Пронајдено исчезнатото девојче од прилепско

Пронајдено е 15-годишното девојче од селото Пешталево, прилепско, кое синоќа беше пријавено за исчезнато.

Полициски извори велат дека девојчето е со своите родители.

Роднините на девојчето синоќа објавија и на социјалните мрежи дека е исчезната 15-годишната Ана Марија, но за среќа потрагата имаше среќен крај.

Споделете