09/06/2025

Toртевски: Мафијата во Собрание изгласала легализација на дивоградби во заштитени подрачја

mkd-539754

Најопасна форма на криминал е направена преку Собрание, предупредува адвокатот Александар Тортевски за изгласаните измени на Законот за градење, со кои компаниите, кои имаат бесправно изградени објекти ќе добијат решенија за легализирање на нивниот бесправно изграден имот, доколку постават фотоволтаици на крововите во рок од една година.

Мафијата во Собрание изгласале закон за легализација на дивоградби во заштитени подрачја и национални паркови, ако на покривот постават фотоволтаици. Монструозно, централа не можеш да изградиш ама заедно со дивоградба, можеш, алармира Тортевски.

Споделете