08/06/2025

ВМРО-ДПМНЕ: 6 години СДСM и ДУИ не ставија цигла на Клиничката болница во Штип, која е оставена во напредна фаза на реализација

Партиска реакција на опозициската ВМРО ДПМНЕ на тема неостварениот пилот проект за клиничкиот центар во Штип.

6 години СДСM и ДУИ цигла не ставија за Клиничката болница во Штип, која е оставена во напредна фаза на реализација.

СДСM и ДУИ 6 години се изживуваат со штипјани и народот од истокот на Македонија, 6 години пациентите од истокот се лечат во лоши услови, и неможат да ја добијат Клиничката болница, која оваа власт ја наследи во напредна фаза и требаше година дена работа за да ја дозаврши.

СДСM и ДУИ не ја довршија болницата, и ја оставија во состојба во која и ја затекнаа, без да продолжат со работа.

300.000 наши сограѓани кои гравитираат околу Штип имаат лоши услови за лекување заради СДСM и ДУИ.

Споделете