08/06/2025

Деструктивна и криминална до коска, Арсовска веднаш да си даде оставка

Bo прилог денешното партиско соопштение на опозициската ВМРО ДПМНЕ во однос на комуналните предизвици со кои се соочува Град Скопје.

Почитувани, Деструктивна и криминална до коска, Арсовска веднаш да си даде оставка. Неспособноста на Арсовска беше закана за масовна зараза во Скопје, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и го чистеа ѓубрето. Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера во текот вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците. Но неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони. Фрустрациите на Арсовска веројатно одат до таму, што не само е неспособна, туку неможе да се носи со фактот што градочалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде. За фрустрациите и другите состојби на Арсовска и порачуваме, дека не можеме да и помогнеме, за тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо.

Споделете