Екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски со реакција за изјавите на премиерот

„Heма потреба од интервенција на државата во Слупчане, тоа е проблем на приватна компанија“, изјави денес за медиумите премиерот Димитар Ковачевски.
Неговата изјава е испровоцирана од вчерашните збиднувања во Слупчане скопско, кога екипи на ЕВН не можеа да интервенираат на објект поради опструкции од тамошното локално население.
Поранешниот министер и пратеник во собранието Антонио Милошоски веднаш реагираше на оваа како што опишува тој, небулозна изјава.
„Колку глупава изјава на Ковачевски.
Па и Алкалоид, Жито-Лукс, Макпетрол, и Дрекслермаер и Ван Хол се приватни компании …, и замислете група граѓани да ги блокира, да им го запре производство, услугите или да им ги оштетува објектите.
Со оваа изјава премиерот само покажува колку тој е немоќен актер во извршната власт, но за жал испраќа и лоша порака на имотна и правна несигурност која државата не може да им ја гарантира на компаниите на секој дел од својата територија“, пиша Милошоски на негоавата фејсбук страница.