08/06/2025

Ф1 2024: Новитет со три трки во саботен термин

Челниците на Формула 1 го објавија календарот за следната сезона каде ќе има вкупно 24 трки од март до декември.

На календарот по неколку години се враќа трката за Големата награда на Кина.

Исто така, новитет се трите саботни трки. ФИА одлучи воведните две трки во сезоната, во Сахир и Џеда да се возат во саботни термини, додека слична е одлуката и за Лас Вегас во ноември.

Споделете