09/06/2025

Драги Рашковски осуден на 8 години затвор

Основниот кривичен суд денеска на јавна седница ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Софтвери“ каде што првообвинет беше поранешниот гансек на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

Судот, го осуди Рашковски на единствената затворска казна од осум години, за делото злоупотреба на службена положба е осуден на 7 години затвор, а за делото перење пари, една година и шест месеци затвор.

На Рашковски му се засметува и времето поминато во притвор. Затворски казни добија и останатите обвинети.

На Ивица Димитровски му се изрекува казна затвор во траење од 5 години, на Игор Христов од 5 години и шест месеци, на Даниел Станчев затворска казна од 4 години, на Игор Ивановски и Маја Сиљаноска казни затвор во траење од 3 години и 3 и пол години затвор за Ирена Ивановска.

Во Основниот кривичен суд ќе бидат објавени пресудите за случајот „Софтвери“, во кој обвинети се 7 лица.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка на систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на рергистарски таблици.

Случајот го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителот Ивана Трајчева.

Споделете