08/06/2025

Hикола Ѓоргиев ја победи болеста

Младиот Никола Ѓорѓиев (19) кој до неодамна боледуваше од тешка ретка болест, ѓи преброди животните предизвици благодарение на хуманитарната акција која беше покрената во негово име, а од денес во неговиеот тежок живот конечно е завртен нов бел лист!

Имено, градноачалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стевковски (Боби), највува ангажман на младиот Никола како соработник во горе наведената општина.

„19 годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија од денес ќе биде мој соработник во општинската администрација на општина Гази Баба.

Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек.

Таа желба на Никола од денес станува реалност. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба.

Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17ти Јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата.

Никола, кога те запознав ти кажав дека во мене низ целиот твој живот ќе имаш пријател и сојузник. И тоа ќе остане така!

За мене нема ништо повредно од тоа кога знам дека со одредена моја постапка, сум причината за нечија среќа“, напиша Стефковски на социјалните медиуми.

Споделете