Украина ги гранатираше Курска и Белгородска област

Руските региони Курска и Белгород рано утринава беа гранатирани од украинските сили, соопштија нивните гувернери, додавајќи дека засега нема извештаи за жртви.
„Градот Валујки е под оган од вооружените сили на Украина“, напиша гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков на Телеграм.
Тој не прецизираше дали станува збор за ракетен, артилериски или друг облик на напад. „Системод за противвоздушна одбрана функционираше, но има оштетувања“, додаде тој и изјави дека една жена се здобила со рани од шрапнел.
Исто така, Роман Старовоит, гувернер на Курската област, северно од Белгород, која исто така се граничи со Украина, изјави дека училиште и приватна куќа биле оштетени во гранатирањето на селото Тјоткино, повторно не прецизирајќи ја формата на нападот.