09/06/2025

Се намалува цената на дизелот од полноќ. Цената на бензинот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска одлучи, од полноќ да се намали малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ за 1,00 денар по литар. Малопродажната цена на бензите ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство останува иста.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 ден по кг и сега ќе изнесува 41,029 ден по кг.

Новата цена на дизел горивото ќе биде 70,00 денари за литар.

Споделете