08/06/2025

Жрепката за осминафиналето во ЛШ денеска во Нион

Лига на Шампиони

Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион денеска напладне ќе бидат одредни паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пласман меѓу 16. најдобри обезбедија по четири англиски и германски екипи, три од Италија, две од Португалија и по една од Шпанија, Белгија и Франција.

Жрепката од групата на носители ја чекаат Баерн Минхен, Бенфика, Челзи, Манчестер Сити, Порто, Реал Мадрид и Тотенхем, додека во група неносители како второпласирани во групната фаза се Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Франкфурт, Интер, Лајпциг, Ливерпул, Милан и ПСЖ.

Првите осминафинални натпревари се закажани за 14, 15, 21 и 22 февруари, додека реваншите ќе се играат на 7, 8, 14 и 15 март идната година.

Финалето е на програмата на 10 јуни на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.

Споделете