09/06/2025

Американците останаа без својата прва ѕвезда на СП во пливање

Седумкратниот олимписки златен медалист и еден од најдобрите пливачи на денешницата, Кејлеб Драсел не се најде во тимот на САД за Светското првенство во Фукуока на крајот на јули годинава.

Тој по четири обиди на државниот шампионат во Индијанаполис, не беше меѓу првите двајца на ниту еден настан.

Најблиску беше на 50м делфин, каде го освои третото место. На 100м делфин беше петти, а целосно потфрли на 100м слободно каде беше 29. и 50м слободно каде заврши како 23.

За Дресел ова беше првиот вистински тест по Светското првенство во Будимпешта, кое го напушти поради наводни здравствени проблеми. Потоа направи долга пауза, но неговото враќање во базените не беше успешно.

Споделете