09/06/2025

Николоски за Република.мк: Во врвот на СДСМ и ДУИ скоро и да нема политичар кој не е корумпиран

Посетата на Брисел беше исклучително успешна и промотивна каде луѓето од ЕУ и ЕПП сакаа да се запознаат со претседателот на партијата Мицкоски и со раководството бидејќи на ВМРО-ДПМНЕ се гледа како на партија која ќе предводи следната македонска влада.

Затоа тие сакаа да ги чујат нашите политики и планови за во иднина, пред се во борбата против корупцијата и организираниот криминал како и подобрувањето на економијата, објаснува во интервујто за „Република“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-СДСМ во лидерската средба влезе со нечесни намери, извртување и лаги, но времето покажа дека манипулираат и лажат.Ние понудивме два концепти како да се заштити македонскиот национален идентитетм а од друга страна да се отвори патот кон ЕУ. Но СДСМ не прифати ниту еден од тие два концепти и затоа тие веќе не се на маса и единствената опција која стои на маса е предвремени избори. Македонија е во голема политичка криза и поларизација и единствениот начин да се излезе од сето ова се брзи избори на кои граѓаните ќе кажат кој треба да ја води државата и кон каде треба да се движи Македонија. Дали треба да се движи кон продолжување на кримининалот и корупцијата во врвот на власта, или треба да се движи кон воспоставање на една силна битка со криминалот и корупцијата и воспоставување на правна држава. Тоа се двата концепта кои ќе се судрат на избори кои верувам дека ќе се случат час поскоро., рече Николоски.

Погледнете го целото интервју на Александар Николоски:

Споделете