08/06/2025

Ковачевски: Четири години „Мој ДДВ“ – четири години ги враќаме парите назад кај граѓаните

 „Мој ДДВ” е една од најдобро реализираните мерки која дава одличен ефект и токму затоа денес, над половина милион граѓани ја користат оваа можност за поврат на средства, наведува на фејсбук премиерот Димитар Ковалевски по повод четити години од спроведувањето на оваа мерка.

Годинава го зголемивме лимитот на повратот од 1.800 денари на 2.100 денари за тромесечје или 8.400 денари годишно по корисник, за што се обезбедени средства во буџетот. Во изминатите 4 години, над 6,6 милијарди денари се вратени назад кај граѓаните, а само годинава во првите три месеци се вратени 1,2 милијарди денари. Овие успеси се успеси и на граѓаните и на компаниите. Со фискалната дисциплина што ја поттикнавме со мерките како „Мој ДДВ“, плаќањето на даноците е прифатено како одговорност кон државата која носи придобивки. Тоа е и сликата што ја создаваме за нашата земја. За праведна и солидарна држава во којашто сакаме да растат нашите деца. За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови патишта и инфраструктура. За да има доволно пари за пензии, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка и за да се движи државата напред, пишува во пораката премиерот Ковачевски.

Споделете