08/06/2025

Трета ноќ ЖЕСТОКИ демонстрации низ Франција (ВИДЕО)

Трета ноќ по ред во повеќе француски градови имаше протести и немири поради смртта на 17-годишното момче, кое беше застрелано од полицаец.

Синоќа полицијата уапси најмалку 420 лица од кои околу 240 во реонот на Париз.

Во предградието Нантер, каде беше застрелано момчето, демонтрантите се судрија со полицијата, при што биле уапсени 19 луѓе.

Во Марсеј стотици демонстранти се судрија со полицијата, додека во Лил, Лион и Бордо беа распоредени голем број полициски сили.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, претходно изјави дека поради протестите распоредени се околу 40.000 полицајци ширум Франција.

Неофицијални извори објавија снимки на социјалната мрежа твитер од пожарот предизвикан од демонстрантите синоќа во депо за автобуси во париското предградие. Изворите велат дека 12 автобуси биле запалени, а пожарот бил толку голем што бил видлив од неколку километри.

Споделете