09/06/2025

Се урна зграда во Багдад откако претходно се запали: Најмалку 20 лица се повредени (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица, меѓу кои и шефот на Дирекцијата за цивилна одбрана на Ирак, се повредени откако вчера се запали комерцијална зграда во Багдад, а потоа се урна, објави ирачката државна новинска агенција.

Ирачката новинска агенција објави дека директорот за цивилна одбрана Кадим Бохан, заедно со неколку пожарникари, биле на местото на настанот кога се урнала зградата, пренесе АП.

Споделете