09/06/2025

Дополнителни 500 милиони долари од САД за Украина

Соединетите Американски Држави ќе ѝ дадат нов пакет воена помош на Украина во вредност од 500 милиони долари, соопшти вчера Пентагон.

Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.

Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери „Страјкер“ и муниција за ракетните системи „Хајмарс“.

– Целта на помошта е да се зајакне способноста на Украина да спроведува контраофанзивни операции, да ги зајакне нејзините капацитети за воздушна одбрана … и да и обезбеди други средства за одбивање на руските сили, се наведува во соопштението на Пентагон.

САД досега испратија 41 пакети помош за Киев откако руските сили ја нападнаа Украина во февруари минатата година.

Споделете