09/06/2025

Лукашенко наредил целосна борбена готовност на армијата

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност.

„Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“, рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали.

Според Лукашенкo, граѓаните на Белорусија со загриженост го следeлe обидот за бунт во Русија.

Споделете