Авион на „Вагнер“ утрово слета на воен аеродром близу Минск

Авион на руската приватна воена група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин утрово слета на воен аеродром кој се наоѓа на околу 20 километри од Минск.
Авионот слета на воениот аеродром Мачулишчи во близина на Минск во 07:40 часот, соопшти белорускиот оператор Хајун, кој го надгледува воздушниот простор на земјата.
Според веб-страната за следење летови flightradar24, авионот Embraer Legacy 600 полетал од југозападниот руски регион кој граничи со Украина.
Хајун објави дека уште еден приватен авион, што полетал од Санкт Петербург, слетал на воениот аеродром помалку од 20 минути, по слетувањето на вагнеровиот авион, објави Политико.
Идентификациските шифри на авионот се совпаѓаат со шифрите на Autolek Transport што Америка го поврзува со Пригожин.