Американската крајбрежна стража ќе води истрага со помош од Велика Британија, Франција и Канада за експлозијата на подморницата „Титан“

Американската крајбрежна стража објави дека ќе ја води истрагата за експлозијата на подморницата „Титан“ со помош на Канада, Франција и Велика Британија.
Титан експлодираше на пат да ги обиколи остатоците од потонатиот брод „Титаник“, при што загинаа 5 лица во него, а остатоците беа пронајдени во четвртокот (22 јуни) на околу 3.810 метри под површината на водата и на околу 1.600 стапки (488 метри) од „Титаник“ во водите на Северниот Атлантик.
Главниот истражител, капетан Џејсон Нојбауер од американската крајбрежна стража изјави дека операциите продолжуваат и дека го мапирале местото на инцидентот. Тој не прецизираше временска рамнка за истрагата, но рече дека свикувањето на Поморски истражен совет е највисокото ниво на истрага што ја спроведува американската крајбрежна стража.