Околу 15.000 луѓе вчера присутствуваа на првата вечер на Културното лето во Кисела Вода

Околу 15.000 посетители вчера вечер уживаа во прекрасната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Кисела Вода. Настано го отвори диџеј Матс кој со својот сет го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник. Општина Кисела Вода го слави својот 68-ми роденден и новото Културно лето.
Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои во моментот работат на химна за Кисела Вода. Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одлично расположение по кое ќе се памети оваа вечер.
Веднаш по него концерт одржаа и 2Бона, чии песни ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои во моментот работат на химна за Кисела Вода. Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одлично расположение по кое ќе се памти оваа вечер.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката најави дека вакво расположение и посетеност очекува до крајот на Културното лето, односно до 29-ти јуни и ќе се одржува на две локации.

Денес, петок 23 јуни, Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Од 20 часот настапуваат КУД Китка, од 21 часот Сузана Спасовска, додека од 22 часот се’ до крајот на вечерта концерт ќе има Миле Кузмановски.
Во “Бескрајната приказна која станува се’ подобра” во сабота ќе се запишат и Жаре Бербер и хрватскиот романтичар Петар Грашо, а следниот четврток и групата Нокаут, на која ќе претходи музички сет на DJ Mats.


