09/06/2025

Крајбрежната стража на САД потврди дека пронајдените остатоци одговараат на подморницата „Титан“

Остатоците пронајдени на околу 500 метри од остатоците на Титаник, се совпаѓаат со катастрофалната имплозија на подморницата Титан што исчезна во неделата околу час и половина по нуркањето, соопшти американската крајбрежна стража.

Контраадмиралот Џон Маугер од американската крајбрежна стража денес на прес-конференцијата во Бостон изјави дека најверојатно имало експлозија во подморницата.

-Големината на полето со остатоци одговара на катастрофална имплозија на подморница, рече Маугер по објавувањето на веста за смртта на екипажот.

Екипажот на подморницата Титан е изгубен, а нејзината рамка за спуштање до дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт (Ocean Gate).

„Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, наведе приватната компанија во соопштение.

Споделете