08/06/2025

Утре е последен ден сопствениците да ги дислоцираат пловните објекти од брегот на Охридското Езеро

Во пресрет на главната летна туристичка сезона, Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) истите да ги остранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани.

Според општината, утре истекува рокот даден на сопственицте сами да ги остранат пловните објекти поставени на јавните површини.

Во спротивно, во сабота екипи на општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за нивно отстранување, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците.

Во повикот општината нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Споделете