08/06/2025

Жозеп Борел ги повика Вучиќ и Курти на итен разговор во Брисел

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел соопшти дека ги повикал српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти на итна средба во Брисел со цел да се пронајде излез од актуелната криза, јави Мина.

Борел на својот твитер профил напиша дека е потребна итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадниците на српската заедница.

„Ова е најважното нешто за регионот и ЕУ“, напиша Борел.

Вучиќ денес изјави дека заминува на средба во Брисел, но дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел.

Курти претходно потврди дека денеска ќе отпатува за Брисел на средбата свикана од високиот претставник на ЕУ по зголемените тензии на Косово.

Споделете