„Криминалите на Мерко ја замолчија ДУИ, само Ковачевски остана да го брани“

САД го разоткри, а македонските институции ги премолчуваата криминалите и корупцијата на СДС и ДУИ. САД ги прогласи Рамиз Мерко и неговото семејство, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот.
Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од други владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е, во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ?
САД потврди дека ДУИ е криминална.
Сите ја видоа корупцијата во ДУИ, само Ковачевски и СДС не ја гледаат.
ДУИ мора да оди во опозиција и мора да расчисти со криминалот во нивните структури.
ВМРО-ДПМНЕ постојано алармираше за коруптивните криминални афери и скандали поврзани со високи функционери од владата, но институциите се во спрега со СДС и ДУИ.
Бараме сериозна реакција од институциите, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.