ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да не глуми паднат од Марс, префрлајќи ја вината на обвинителство без да побара оставка од Мерко

Најголемата опозициска партија повторно го отповикува премиерот, овојпат на тема објавувањето на новата листа за непожелни личности во стратешкиот партнер на Република Македонија, САД.
-Гледајќи како Ковачевски ја префрла вината на судско обвинителните органи притоа упорно не барајќи оставка од Мерко кој продолжува да биде градоначалник на неговата коалиција имаме конкретни прашања:Кој е на власт последните 6 години? Кој велеше дека ќе донесе живот и правда за сите?Чив човек и пион е првиот обвинител Љубомир Јовевски? Глумењето паднат од Марс на Ковачевски е навреда за интелигенцијата на народот, се вели во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ!